ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ПОЧНУВААТ ИЗВЕДБЕНИТЕ РАБОТИ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВИ УЧИЛНИЦИ ВО СОУ„ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“

Градежната фирма „Еуроинг“ од Гевгелија, кој понуди најповолна понуда на меѓународниот тендер, почна со подготвителните работи  за изградба на 14 нови училници во СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Училниците ќе бидат надградени на западното крило од постојниот објект со што ќе се обезбеди целосна енергетска заштеда во овој средноучилишен центар.

Реализацијата на проектот чини 34.732.000 денари, а општина Гевгелија средствата ги обезбеди преку подзаем од Светска банка. 

Паралелно со изградбата на нови училници, во СОУ„Јосиф Јосифовски“ ќе се одвиваат градежните работи за реконструкција на угостителскиот дел и ресторанот во центарот. Значајно е да се одбележи дека овој проект ќе се реализира со заштедените 23 милиони денари од блок дотациите што училиштето ги добиваше во изминатите осум години.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________