ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЛАНИ ОДРЖАЛ 15 СЕДНИЦИ

Советот на општина Гевгелија во текот на 2018 година одржа 15 седници на кои се расправаше за разни прашања од надлежност на овој орган на локалната самоуправа. Поточно, на дневен ред се нашле 279 акти, од кои 226 биле усвоени. Од страна на градоначалникот на општина Гевгелија биле предложени за разгледување 115 акти, а само 2 не биле усвоени. Додека пак од другите предлагачи, главно, државни и локални јавни установи и претпријатија, биле предложени 164 акти, а биле донесени 113. Комисиите на Советот на општината минатата година одржале 75 седници на кои биле разгледани вкупно 279 акти.

 

Инаку, Советот на општината, покрај другите документи, пред крајот на годината, го донесе Буџетот на општина Гевгелија во 2019 година. На последната минатогодишна седница Советот на општина Гевгелија го констатира престанокот на мандатот на двајца советници, Митко Алчинов и Снежана Тасевска, од редот на СДСМ. Престанокот на мандатот на двајцата советници уследи по поднесената оставка од нивна страна и барање да бидат ослободени од советничката функција поради обврските од професионалниот ангажман. 

На првата годинашна седница, по добиеното известување од Општинската изборна комисија, треба да биде извршен изборот на двајца нови советници од листата на СДСМ. Двајца следни кандидати за советници од листата на СДСМ се Лазар Мешков и Александра Караманова. 

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________