ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ВОДИЦИ 2019 : ПО КРСТОТ ЌЕ СЕ СКОКА ОД ИСТОЧНИОТ БРЕГ НА ВАРДАР

Во сабота, на 19 јануари 2019 година, во 12 часот, на мостот на реката Вардар, кај мотелот „Вардар”,ќе се одржи традиционалното пливање по чесниот крст.

Досега во просториите на Црквата Свети Кирил и Методиј и во Манастирот Свети Спас, кои се организатори на настанот, се пријавиле 10 кандидати. Но, организаторите велат дека најголемиот број скокачи по крстот се јавуваат неколку часа пред фрлањето на крстото.. 

За кандидатите, кои ќе се пријават, на денот на Богојавленското пливање по чесниот крст, пред скокањето, нагласуваат во Гевгелиското архиерејско намесништво,  ќе биде организиран бесплатен лекарски преглед од страна на две екипи од Општата болница во Гевгелија. Притоа, напоменуваат дека, поради регуларност на пливањето, кандидатите кои ќе се фрлаат по чесниот крст треба да го сторат тоа од источниот брег на реката Вардар, од страната каде некогаш се наоѓаше градскиот базен.

Годинава покрај редовното обезбедување, од страна на општина Гевгелија, ќе бидат преземени и посебни заштитни и безбедносни  мерки за пливачите кои ќе пливаат по крстот. Односно ангажирана е спасувачка екипа и чамец, кои пред, за време и по настанот ќе ги следат учесниците во оваа манифестација.

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________