ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ГЕНЕРАЛНАТА ВИЗИЈА ЗА ГЕВГЕЛИЈА КАКО МОДЕРНА, ЕВРОПСКА И ЗЕЛЕНА ОПШТИНА ОСТАНУВА

-Генералната визија Гевгелија да биде европска, модерна и зелена општина останува, но, нејзиното остварување не може да стане преку ноќ, а ниту пак за еден мандат од четири години. За остварување на ваквата генерална визија за Гевгелија како европска, модерна и зелена општина нам пред се' ни е потребна една општа еволуција на свеста кај граѓаните, приватните стопанственици, невладините организации, институциите, рече во новогодишното интервју за „Гевгелиски магазин“ градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.

 

- Сите ние мораме да созреваме заеднички и да градиме подобро општество за сите. Ваквата визија не треба да биде само визија на градоначалникот, општинската администрација или само на една политичка партија. Ова мора да биде заедничка визија на сите нас. И убеден сум дека секој од нас може да придонесе во реализацијата на оваа визија. Да започнеме од она најосновното, на пример, секој граѓанин треба да внимава каде го фрла своето ѓубре, каде го паркира своето возило и каде ја преминува улицата. Секоја приватна фирма треба да се придржува до прописите кои го регулираат нејзиното работење. Вработените во државните институции треба да се потсетат на начелото на сервисна ориентација кон граѓаните, но и на основниот уставен постулат на владеењето на правото и правната држава. Невладините организации треба активно да работат, да укажуваат и да критикуваат... 

Само вака, ако секој го прави она кое може да го направи можеме да имаме исполнување на визијата за Гевгелија како европска, модерна и зелена општина. Од наша страна како локална самоуправа ќе се вложиме максимално во постигнувањето напредок во остварувањето на оваа визија. Големите проекти кои ги завршивме, како и сето она кое го планираме за наредните години во голема мера ќе придонесе за Гевгелија каква што сите ја посакуваме, рече Поцков.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________