ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ОБЈАВЕНА ПРОДАЖБА НА 7 ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ЗА СТАНБЕНИ КУЌИ

Општина Гевгелија објави продажба на 7 градежни парцели наменети за домување во станбени куќи. Две парцели со површина од 362 и 467 метри квадратни се наоѓаат крај Моински пат во Гевгелија. Почетната цена изнесува 61 денар за метар квадратен, а електронското јавно наддавање е закажано за 1 февруари 2019 година во 9 и 9.30 часот. Пет градежни парцели се наоѓаат во населбата Караорман, чија површина се движи од 285 до 306 метри квадратни. Почетната цена изнесува 61 денар за метар квадратен, а електронското јавно наддавање ќе се одржи на 1 февруари 2019 година, во периодот од 10 до 12 часот.

 

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во електронска  форма на интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk, за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата), комплетирана со следнитедокази:

1.Пријава од подносителот, во која се наведени податоците за која градежна парцела се однесува истата и кои документи се составен дел на пријавата. Доколку лицето кое ја пополнува пријавата за аукција е во улога на полномошник задолжително е да прикачи полномошно заверено на нотар;

2.„Банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ даден во табеларниот преглед (да се наведе број на оглас и број на градежна парцела) со рок на важност до 01.09.2019 година, со која понудувачот ќе гарантира дека доколку добие статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15(петнаесет) дена одденот на приемот на писменото известување за избор на најповолен понудувач;

3.За физичките лица уверение за државјанство;

4.За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар (тековна состојба не постара од 7 (седум) дена од денот на пријавувањето);

5.Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, односно доказ за својството овластено одговорно лице за правното лице

6.e-mail адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање, (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса, Општина Гевгелија нема обврска да прима и врши корекции на истата) и

7.Изјава од подносителот, во која се согласува со условите во објавата.

Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени.

Пријавите за учество на јавното наддавање да се достават електронски до 30.01.2019 година на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk, на која ќе се одржи и електронските јавното наддавање.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________