ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ЕСПЕРО 2018:ПОБЕДНИК „ПАЈДАКОВ-БЕКАРТ“

Со финалните натпревари во јуниорска и сениорска конкуренција, во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија заврши возобновениот турнир во мал фудбал „Есперо 2018“.

Во јуниорска конкуренција победник е екипата на „Кожуф ГВГ“, која во финалето ја совлада екипата на „Џокер Фурка“ со 6-2. Во малото финале, во борбата за третото место „СВИД ДИН„ со 5-0 беше подобра од екипата на Баламов компани. 

Победник на турнирот стана екипата на „Пајдаков-Бекарт“ која со високи 5-1 ја совлада екипата на „Казино Фламинго“. За најдобар голман на турнирот е прогласен Трајче Ников од екипата на „Казино Фламинго“, за голгетер на турнирот беше прогласен Раде Ристенски од екипата на СВИД Дин, а за најдобар фудбалер жирито го прогласи Зоран Левески од победничката екипа на „Пајдаков-Бекарт“.

Оваа година, во организација на ФК Кожуф, а под покровителство на општина Гевгелија, по пауза од повеќе години, познатиот новогодишен турнир во мал фудбал ЕСПЕРО беше обновен. 24 екипи од Гевгелија, Миравци, Ѓавато, Богородица, Дојран, Возарци, Струмица и Негорци се натпреваруваа на турнирот во месец декември поделени во 8 групи, за наградниот фонд на турнирот, кој изнесуваше, за освоено прво место-120.000 денари, за второ место-80.000, за трето-40.000 и за четврто место-20.000 денари.

 
 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________