ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ВО ТЕК Е ПОСТАПКАТА ЗА РАЗДОЛЖУВАЊЕ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

Веднаш по Божикните празници градоначалникот на општина Гевгелија ќе оствари средби со фирмите-доверители, кои се јавија на објавениот јавен повик за исплата на долгот на општината кон доверителите.

По разговорите и во зависност од понудениот дисконт за побаруваната сума од страна на доверителите ќе биде изготвена приоритетна листа за распределба на средствата, по која  Советот на општина Гевгелија се очекува да се произнесе до крајот на месецот.

Како што е познато, Владата на РМ веќе и префрли на општина Гевгелија општина Гевгелија доби 61 милион денари на посебна, наменска сметка, кои средства можат да се користат само по основ на раздолжување. Врз основа на законското решение со кое се овозможи финансиска помош на општините во висина од 51% од доспеаните, а неплатените долгови на општините заклучно со 30 септември 2018 година, во тек е постапката за раздолжување.

Во текот на минатата година општина Гевгелија успеа да сервисира повеќе од 20% од наследениот долг во износ на 143 милиони денари. Односно беа исплатени на доверителите 25 милиони денари, така што за раздолжување останаа уште 118 милини денари.

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________