ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО

ГРАД НА СОНЦЕТО,
ТРАДИЦИЈАТА
И СРЕЌАТА!



Please update your Flash Player to view content.

ВО ПТЦ „ВИНОЈУГ“ САМО 12 МИГРАНТИ, А НА ГРАНИЦАТА МИРНО

Во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“, на македонско-грчката граница моментно има 12 присутни мигранти од Ирак и од Иран. Додека пак на ГП на К-59, во непосредна близина на граничниот камен, нема мигранти, а ситуацијата е мирна, како и во ПТЦ.

Минатата година речиси секојдневно билтените на МВР регистираа нови случаи за илегални преминувања или обиди за криумчарење мигранти  на овој дел од границата. 

Во периодот од јануари до септември 2018 година во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ престојувале времено 1.893 мигранти, од кои 506 жени и 426 деца. Најголем број пристигнале од Иран, Ирак, Авганистан и од Сирија. Во овој период биле откриени 13.143 мигранти при обидот илегално да ја преминат границата и да влезат во Република Македонија. Истовремено, биле откриени 44 случаи на криумчарење на 763 мигранти. Споредбено со 2017 година, според податоците на МВР, 4.129 лица биле спречени при обид за илегално преминување, додека биле откриени 19 случаи за криумчарење на 212 мигранти. 

 

БИЗНИС ПОНУДА

КУЛТУРА

ТУРИСТ ИНФО

АКТУЕЛНО

_____________________
 

НАРЕДНИ НАСТАНИ

_____________________